Ернан Креспо беше напаѓач од светска класа. Легендата на Серија А и Аргентина по блескавата фудбалска кариера влезе во светот на бизнисот, но неговиот приватен живот е полн со турбуленции.

Познатиот аргентински напаѓач реши на социјалните мрежи да открие дека има нова девојка – и тоа многу помлада. По разводот по 15 години брак, поранешниот стрелец на Интер, Лацио и Парма сега е во врска со 18 години помлада Аргентинка.

Нејзиното име е Антонела Силгуеро, која пред неколку дена го прослави својот 29-ти роденден. Креспо, сега 47-годишен тренер, со фотографии од прославата откри дека двајцата се во романтична врска.

Креспо веќе има еден брак зад себе. Тој беше во брак со Алесија Роси, поранешен топ модел, од која се разведе во 2019 година. За време на бракот со Алесија добија три ќерки, но по 15 години решиле да се разделат.

Интересно е тоа што Креспо имал 29 години кога се оженил во 2004 година, а цели 18 години подоцна започнал врска со младата Антонела.

Оваа девојка очигледно оди по неговите стапки на почетокот на нивната љубов, бидејќи со славниот напаѓач отиде и во Катар, каде Креспо е тренер на тамошниот Ал Духал.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸