Посетата на забавен парк се претвори во кошмар за десетици луѓе во индискиот град Мохали кога кулата на која беа качени се сруши на земја.

На видеата снимени од очевидци се гледа моментот на несреќата по која најмалку 16 лица завршиле во болница. Како што може да се види на видеото, падот се случил од висина од околу 25 метри.

Локалните медиуми јавуваат дека неколку од несреќните луѓе се здобиле со повреди на главата и вратот. Според истите извори, незадоволство има и за недоволно безбедносни мерки во забавниот парк.

По несреќата на местото на настанот излегле полициски сили, а локалните власти започнале истрага за околностите под кои дошло до несреќата.

Снимката можете да ја погледнете во продолжение: