Тепачка меѓу две колешки се случила вчера попладне во простории на фирма во центарот на Скопје, соопшти полицијата.

„На 09.11.2022 во 17.00 часот во Полициската станица Центар, Л.И.(32) од Скопје пријавила дека околу 14.30 часот во работни простории од објект на ул.„Св. Кирил и Методиј” била физички нападната од нејзината колешка Н.А.“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.