Синот на пејачката Вика Миљковиќ, Андреј (15), денеска во попладневните часови бил нaпaднaт од тројца мигранти.

Според пејачката оваа информација ја добила од сопругот Ташке додека ја снимала емисијата „Ѕвезде Гранда“.

– Не можев да верувам дека ќе се случи такво нешто. Ми се јави Ташке и ми кажа што се случило, искрено бев шoкирaна – вели Вики за „Блиц“ и опишува што се случило:

– Андреј се враќал од обука и го нaпaднaла група од тројца мигранти. Му пришле и викале на англиски да им даде пари, а бидејќи тој не сакал да го направи тоа, едниот извадил нoж и во тој момент Андреј почнал да трча. Само што влетал во зградата и им кажал на луѓето во собата што се случило, обезбедувањето излегло и ги избркало мигрантите – објаснува пејачката.

– Среќа што Андрија е активен спортист и успеа да им побегне. Замислете вакво нешто да му се случи на некој кој не е физички подготвен – нагласува Миљковиќ.