Истрагата се проширува, но она што ги вчудовидува обвинителите се најновите сознанија. Беким Мемети не само што ја отворил футролата и го грабнал пиштолот на затворскиот чувар, успеал со врзани дланки да испука не еден туку два куршуми, и од рикошет да го рани возачот во стомак.

Но, што навистина се случило во комбето кое со 4-ца затворски чувари, а со наредба од командирот Срѓан Димитријевски и без придружба се упатило кон клинички е непознат дел за истрагата.

Во првичните изјави, 5- мината затворски чувари негирале дека се здружиле и му помогнале на Мемети да избега, велат извори од истрагата за Телма. Осомничените, прашани зошто во ниту еден момент не реагирале кога врзан човек молскавично ги совладал и застрашил се бранеле дека се исплашиле и затоа не реагирале.

Сепак, надлежното обвинителтсво за организиран криминал одбива да верува на изјавите на чуварите и собира докази во насока дека оваа чуварска смена се договорила и пружила помош на опасниот осуденик да избега.

Наместо брза помош, началникот Димитријевски дал наредба, без придружба да се возат кон клинички, за расекотина на раката која Мемети сам си ја нанел. Мемети седел на на клупата до нив наместо во задниот затворен дел на комбето.

Од истрагата уверуваат дека за ова кривично дело имаат докази, но сега се собираат за тоа дека овие полицјајци биле дебело искеширани од Мемети.

Па, така наместо заканата од 5 години, оваа група ќе се соочи со кривично дело поткуп, и со нови 10 години затвор.

Обвинителите очекуваат да дојдат до докази и за други лица вклучени во филмското бегство со што истрагата би се проширила. Се вршат распити, се прегледува видео надзорот во затворскиот комплекс.