Пејачката Теа Таировиќ реши да проговори за непријатностите кои често ги доживува на настапите.
Имено, пејачката во јавноста е позната како „кралица на бакшишите“, а сега открива дека на еден настап дошло до тепачка и дека морала да побегне од прославата.
– Настапив во еден град и имаше жестока тепачка. Летаа чаши, шишиња, се што беше можно во тој момент. Почнав да трчам, се скрив зад гитаристот и продолжив да пеам. Имав среќа што ме спаси гитаристот. Во такви ситуации морам да продолжам да пеам како ништо да не се случило. Само така може да се смири шокантната ситуација – вели Теа и додава:
– Имаше моменти кога ги прекинував настапите. Минатото лето имаше инфузии, но овој пат се наоружав со витамини. Имам среќа што ме бараат ширум светот, темпото ми е жестоко – изјави пејачката.
– Имаше многу новогодишни концерти, а воглавно за секоја Нова Година сум болна. Не може да се откажат новогодишните концерти и морав да пеам. Од кревет право на настап со температура – заклучува Теа за Блиц.
Be the first to write a comment.