Тажна вест е споделена на фејсбук-страната на храмот Свети вмч. Димитриј-Скопје.

Се упокои свештеникот Јане Илиев. Објавата ви ја пренесуваме во продолжение:

„Со неизмерна болка и тага Ве известуваме дека во петок, на 27 јануари, во доцните попладневни часови, по кусо, но тешко боледување, се упокои нашиот сослужител и доскорешен старешина, свештеник Јане Илиев.

Свештеничкото братство и сите верници при нашиот храм изразуваме искрено и длабоко сочувство на семејството и пријателите.

Бог да дарува покој на неговата душа, здравје и утеха на најблиските.

Вечен да ти е споменот, отец Јане..“