Мајка и два сина загинаа во сообраќајна несреќа што се случи вчера во Рогами кај ПОдгорица, кога возилото падна од мостот во потокот Ширалија.

Животот го загубиле Александра (43), Немања (19) и Младен (16) Коруга, а како што информираат од ЦДМ, нивниот сопруг и татко Гојко го загубил целото семејство.

Александра, Немања и Младен ќе бидат погребани во Пљевља.

До несреќата дошло кога „цитроен саксо“ со сина боја слетал околу 7 часот и 37 минути во потокот Широлија, неофицијално соопштија за „Вијести“ од Полициската управа. Од реката прво е извлечено тело на жена, а по останатите се вклучиле и нуркачи од Регионалниот нуркачки центар.

На Фејсбук страницата на Службата за заштита, објавено е дека вчера во 7 часот и 37 минути добиле дојава дека автомобил слетал во потокот Широлија во месноста Рогами, а на местото се испратени три екипи со девет пожарникари.

Потоа во акцијата се вклучила и екипа на нуркачката единица од Бијела и по кратко пребарување на длабочина од пет метри пронашле две тела, потврди директорот на Регионалниот центар Бијела, Данило Мијајловиќ.

Еден од жителите на Рогами им рекол на новинарите дека бил надвор со својот брат и соседите кога слушнал гласови кои доаѓаат од мостот.

Несреќното семејство

– Видовме дека автомобилот плови по реката и дека почна да тоне. Женско лице скокна од задната врата и почна да плива. Бидејќи не сме пливачи, јас и брат ми се обидовме да и фрлиме црево за да го фати за да ја извлечеме од водата, но безуспешно – рече тој.

Наводно, возачот на автомобилот се обидел да го помине мостот, но поројот го однел возилото, изјавија за медиумите очевидци на трагедијата.

Местото на трагедијата

Да потсетиме, два автомобили се обиделе да го поминат мостот на малата река Широлија, која се наоѓа под Дукља, но возачот на првиот автомобил се откажал од преминувањето бидејќи реката била премногу надојдена и го поплавила мостот, пишува Стандард.

Сепак, како што пренесува овој портал, возачот на вториот автомобил сепак одлучил да се обиде да помине. Кога бил на средина, силен порој од вода го превртел возилото, кое завршило во реката.