Во посебно тажна и траорна атмосфера, роднините и пријателите во саботата ѝ го кажаа последното „збогум“ на 33-годишната Олга, која почина во такси возило пред болницата Венизелио на најголемиот грчки остров Крит, во моментите кога несреќната жена и нејзиниот сопруг се обидувале да се приближат до болницата Венизелио за да ѝ биде пружена прва помош, бидејќи и самата била болна од коронавирус.

Иако грчките медиуми првично објавија дека докторите веднаш излетале од болницата и сториле се’ за да го спасат животот на младата жена, сепак сопругот на 33-годишната Олга и возачот таксист во чие возило почина жената фрлаат ново светло за тоа дали имало навремена реакција на докторите непосредно пред пристигнувањето во дворот на болницата.

Жената боледувала од коронавирус кога нејзината здравствена состојба наеднаш се влошила. Се јавиле во брза помош, но како што тврди нејзиниот сопруг, им било кажано дека нема да дојдат да ја земат, бидејќи не се работи за сериозен случај.

„Каков одговор да му дадам на моето дете, што да му кажам, не на мене, туку на син ми кој има 5 години“, рекол сопругот на 33-годишната во разговор за грчките медиуми.

Како што рече таксистот, имало долго доцнење и никој не се грижел да ја земе откако стигнале пред дворот на болницата.

– Никој не излезе од болница да ја земе. Бевме испратени да го бараме тимот за Ковид кој е горе. Отидовме и јас и нејзиниот сопруг. Немаше кој да ни отвори, вратата беше затворена. Го кренавме гласот, конечно и направија реанимација во таксито, но неше предоцна, вели таксистот.

Жената се онесвестила и починала во таксито. Раководството на болницата Венизелио нареди прелиминарна истрага.