Веста дека загина тригодишно момче, откако паднало од седми кат во зградата на Палилула во Белград, вчера ја растажи цела Србија, но и регионот, а неговите соседи и денеска се видно вознемирени.
Како што велат, ова е прекрасно семејство и биле многу потресени од тоа што се случило. Да потсетиме, момчето во неделата околу 12 часот паднало низ терасата од својот стан.
Според нив, во моментот на несреќата со момчето, во станот била бабата, а мајката излегла до маркет. Пред зградата додека плачеле и се обидувале да му помогнат на детето наишол и дедото на момчето.
Ден по трагедијата, на улицата каде што настрада детето владееше молк и неверување, а вратата од станот од кој почина момчето ја отвори неговиот татко.
Видно погоден, човекот имал сила да изговори само една реченица:
-Тоа се случи овде, тоа е наш син, но не би разговарале со медиумите. Ве молиме разберете не’.
Соседите на несреќното семејство застануваат на местото каде што детето паднало и зјапаат во висината, кон станот во кој живеело, додека соседите со солзи во очите гледаат во местото каде што паднало момчето.
Станарите изјавија дека претходно често го гледале семејството како ги шета своите деца.
– Имаат два сина, не се знае кој е поубав. Често ги шетаа, без разлика дали се родителите или бабата и дедото. Момчето беше неуморно, полно со живот и енергија. Не ги познававме многу добро, бидејќи ова е голема зграда со повеќе од 150 станови, но многу сме вознемирени. Секој од нас има свои деца и внуци, сочувствуваме со нив – рече еден постар сосед.
Жителка на зградата во Палилула изјавила дека на почетокот не разбрала што се случило.
-Живеам во станот пред кој падна момчето. Слушнав вчера кога нешто тресна, но првично не обрнав внимание. Неколку пати се случувало луѓето да испуштат торби, вреќи или нешто друго. Така мислев дека тоа се случи и овој пат, но кога ги слушнав сирените и лелекањето, ми беше јасно дека се случило нешто страшно. Не се осмелив да излезам од станот и да видам, немаше да преживеам да го видев тоа кутро дете – објаснила таа.
Be the first to write a comment.