Една жена во централна Уганда, која го прифатила Христос на црковна служба на 29 мај, била убиена подоцна истиот ден кога нејзиниот татко ја прободел во очи затоа што го напуштила исламот, велат изворите.
– Откако сонувалa неколку соништа за Христос, 28-годишната Хава Амоти од Нансана, округот Вакисо, посетила сосед христијанин рано утрото на 29 мај, рече соседот, неидентификуван од безбедносни причини.
– Амоти дојде во нашиот дом многу рано наутро и сакаше да знае повеќе за Исус, кого го видела на сон. Откако и објаснив за вечниот живот и простувањето на гревот што доаѓа од Исус кој дојде да ги земе гревовите на целиот свет, таа доброволно го прифати Исус за спасение на нејзината душа. Потоа се молев за неа, а потоа заедно отидовме во црква во Нансана, раскажува тој.
По црковната служба, Амоти му се придружила на семејството на соседот на ручек во неговиот дом и остана до околу 17:45 часот, кога си заминала дома.
Нејзиниот татко, Хаџи Шариифу Агаба и браќата веќе дознале дека таа била видена како му се поклонува на Христос во црквата кога пристигнала надвор од нивниот дом, рече еден од нејзините браќа. Агаба им наредил на своите синови да ја зграпчат и претепаат, а потоа зел остар нож и ѝ ги прободел очите, рекол брат на Амоти кој се обидел да ја одбрани.
Be the first to write a comment.