Претседателе Талат Џафери, први и последен пат да ви биде со прст да ме карате оти јас не сум ви дојден дома. Вие сте тука прв меѓу еднаквите и како таков не треба да го узурпирате столчето на коешто седите. Ако имате реплика кон некој пратеник, тогаш ќе си земете реплика, ќе си притиснете на копчето и ќе си кажете што мислите.
Ова пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, денеска му го рече на собранискиот спикер Талат Џафери, кој, пак, му возврати со зборовите: „Кој си па ти со прст да ми мафташ?“
– Кој си ти овде прст да ми покажуваш? Ај зборувај ако зборувај и не ми мафтај со раката. Не мафтај со прстот оти може тој прст да ти биде скршен. Пробај следен пат и ќе видиш – рече Џафери.
Be the first to write a comment.