По скандалот кој денеска ја потресе јавноста, разрешен е вршителот на должност – директор на Скопската зоолошка градина – Кристијан Стаменов, известуваат од Град Скопје и се оградуваат од индивидуално преземените дејствија на директорот.
„Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука преземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува“, информираа од Град Скопје.
Во Зоолошката градина Скопје, според информациите, вчера биле убиени 10 коњи за месото од нив да се користи како храна за животните.
Сега веќе ексдиректорот Стаменов образложил дека станува збор за животни кои ги добиле од Агенцијата за запленет имот, при акции за фаќање дрвокрадци и шверцери.
Be the first to write a comment.