По кратко боледување, утрово почина Цветан Настоски, познат музичар и текстописец од Охрид, објави Охрид Прес.

Колегите од домашната естрада со неверување ја прифатија информацијата за неговата смрт.

„Беше еден од најдобрите. Не сакаше да се експонира во јавноста, но е заслужен за кариерите на многу наши изведувачи“, коментираат тие.

Погребот ќе се одржи утре, среда, 27-ми јули 2022 година, од 12:00 до 12:30 часот на Градските гробишта во Охрид.