Маж (25) уби најмалку четири деца откако со секира влета градинка во градот Блуменау на југот на Бразил, соопштија локалните власти. Во нападот што се случил околу 09:00 часот по локално време повредени се уште четири деца, од кои едно потешко.

Претставници на болницата соопштија дека сите повредени се на возраст под три години. Полицијата за локалните медиуми изјавила дека напаѓачот се предал и бил приведен. Пожарникарите соопштија дека во детската соба во моментот на нападот имало околу 40 деца.

Тие додадоа дека напаѓачот го прескокнал ѕидот за да влезе во зградата и очигледно удирал по жртвите по случаен избор. Родителите истрчале во градинката кога се проширила веста за инцидентот. Градските власти ја прекинаа наставата во Блуменау барем до утре.

Гувернерот на државата Санта Катарина – каде што се наоѓа Блуменау – прогласи тридневна жалост.

Ова не е прв пат градинка во земјава да биде цел на напад. Во 2021 година, 18-годишен маж уби двајца вработени и три мали деца во јасли во општина Саудадес.

Претседателот Луис Инасио Лула да Силва на Твитер напиша дека „нема поголема болка од семејство што ги губи своите деца или внуци, уште повеќе кога тоа е преку чин на насилство врз невини деца кои не можат да се одбранат“.