Италијански фотограф успеа да направи фотографии кои станаа вирални и покренаа еден куп теории на заговор. Се огласија и научниците …

Над централна Италија и хрватскиот дел од Јадранот ноќта на 27 март, беше забележан огромен прстен од црвено светло што личеше на сцена од научно-фантастични филмови, пишува National Geographic, пренесува Jutarnji. За ова пишуваат и други портали кои се занимаваат со вакви појави во светот.

– Морничав прстен од црвено светло трепка како огромно НЛО над Италија. Што беше тоа? – стои во насловот на Live Science.

Иако, според сведоците, овој феномен кратко траел, фотографот Валтер Биното успеал да направи фотографии кои станале вирални и започнал еден куп теории. Сепак, набрзо се огласија научниците да објаснат за што се работи.

Феноменот е познат и како емисија на светлина и нарушување на многу ниска фреквенција поради извори на електромагнетни импулси или скратено ELVE.

Дијаметарот на кругот во овој случај бил 360 километри и претставува вид на пореметување што се јавува во стратосферата или мезосферата поради интензивното наелектризирање на грмотевиците. Со други зборови, кога електромагнетни импулси на молња ќе ја погодат јоносферата на нашата планета во нејзините горни делови, се појавува црвено светло.

За прв пат се снимени во 1990 година, а причината за тоа лежи во тоа што се видливи најмногу само од вселената. Експертите тврдат дека неколку од нив се снимени со леќите на камерите на НАСА, но дека ова е најдобрата слика од Земјата досега.

И сето тоа благодарение на силната бура што ја погоди Анкона и произведе моќни електрични ударни бранови…