Несреќа се случила во дрвопреработувачка фабрика во градот Теслиќ во БиХ, кога поголема количина дрва паднала врз 23-годишниот работник С.П. од Теслиќ и го усмртило.

Случајот синоќа околу 21 часот и 20 минути бил пријавен во полициската станица Теслиќ. Дрвата што паднале врз несреќниот работник се ставаат во печката за производствен процес.

– Пријавено е дека поголемо количество дрва кое се ставало во печката за производствен процес паднало врз работникот С.П., во погон за преработка на дрво на фирма во Теслиќ. Момчето од здобиените повреди починало на лице место – соопштија од Полициската управа Бања Лука.

За несреќата се огласија и од фирмата во која бил вработен 23-годишниот С.П. Станува збор за Симеон Пуљиќ, а раководството на компанијата „Дестилација“ изјавило дека претрпеле голема загуба, бидејќи останале без беспрекорен работник и млад човек.

– Симеон го загуби животот поради сплет на несреќни околности, додека ги извршуваше редовните работни задачи. Нема зборови да го изразиме нашето жалење за несреќата што се случи и нашата тага за загубата на работник, за кој имавме само пофални зборови – соопштија од компанијата.

Животот го загуби 23 годишниот Симеон Пуљиќ

Раководството на компанијата „Дестилација“ изрази длабоко сочувство до семејството и пријателите на младиот човек кој загина во несреќата, а исто така нагласија дека на семејството ќе му пружат секаква помош.

– Секогаш сме биле максимално посветени на обезбедување на сите можни безбедносни мерки при работа, но некои опасности и околности, за жал, не можат да се предвидат. Откако дозна за овој немил инцидент, раководството на компанијата беше и останува на располагање на сите истражни органи со цел да се утврдат конечните околности и евентуалната одговорност и така ќе продолжи до завршување на сите истражни дејствија – соопштија од раководството на компанијата.