Австралиските работници за итни случаи интервенирале денеска во градинка во градот Бовен, на североистокот на Австралија, каде змија каснала дете.

На раката на детето наводно биле видливи две рани за заби, а по неа лазела кафена змија долга околу 40 сантиметри, објави Дејли мејл.

Засега не е позната состојбата на детето, но австралиските кафени змии се сметаат за најсмртоносните во светот.

Тие можат да достигнат должина и до 2,5 метри, но отровот на некои видови кафени змии за возрасни луѓе може да биде фатален дури и пред целосно да пораснат змиите.