Во градот Спинеа, недалеку од Венеција, маж и жена со албанско потекло се пронајдени избодени до смрт во нивната куќа, јавуваат италијанските медиуми.

Случајот го пријавила ќерката која во текот на денот не можела да стапи во контакт со мајка си.

Телата биле откриени од карабинерите. Според првите податоци, се сомневало дека се работи за убиство и самоубиство, но подоцна се испоставило дека станува збор за двојно убиство.

Карабинерите трагаат по лицето кое го извршило убиството, а како што наведуваат претпоставката е дека убиецот е поранешниот сопруг на жената која е избодена.

На местото на настанот, карабинерите пронашле огнено оружје и нож.

Вирон Караболај (40) и Миневере Караболај (37)

Како што јавуваат албанските медиуми, поранешниот сопруг на Миневере Караболај (37) е осомничен ја избодел до смрт неа и нејзиниот партнер Флонино Меркури (23).

Жртвите и сторителот Вирон Караболај (40) се со албанско потекло. Според локалните медиуми, полицијата е во потрага по поранешниот сопруг на жената, исто така Албанец, кој наводно не ја прифатил нејзината нова врска.