Неодамна имаше шокантен момент кога татко стоеше неколку метри од смртоносна закана додека тестираше дали морето е безбедно за неговите деца. Б.Џ. и неговата сопруга Џенел биле на плажа во Австралија со нивните две деца кога ненадејно забележал огромна тигреста ајкула како демне во близина на брегот.
На видеото објавено на нивниот канал на Јутјуб, може да се види како таткото оди до работ на водата. Потоа ја поместува ногата во морето и ја затресува, предизвикувајќи водата да се издигне, пренесува The Sun.
Парот набрзо сфатил дека имаат работа со тигреста ајкула која се прикрадувала блиску до брегот.
– Отидовме на пливање и забележавме перка, па мојот сопруг малку ја плисна ногата во водата за да види дали е агресивна и прсна токму кон ајкулата. Решивме да не пливаме со децата таму – изјавила мајката.
Многумина беа изненадени од тоа колку е тешко да се забележи ѕверот, и покрај тоа што водата е кристално чиста.
– И покрај бистрата вода, тешко беше да се види додека не влезе во многу плитка вода – изјави еден од следбениците на Инстаграм.
Тигрестите ајкули можат да пораснат до 7,62 метри во должина и тежат до 635 килограми и се вели дека се одговорни за повеќе напади врз луѓето од кој било друг вид освен големите бели ајкули.
Be the first to write a comment.