Тешка сообраќајна несреќа во која загина 46 годишен возач откако од силината на ударот бил исфрлен од своето возило се случила во средата вечерта на автопатот А4 Загреб-Горичан, соопшти полицијата.

Несреќата се случила околу 20 часот и 15 минути на наплатната рампа Горичан на автопатот А4 Загреб-Горичан, кога патнички автомобил удрил во преградата што ги дели сообраќајните ленти.

Возилото се издигнало во воздух и се превртело на покривот, а од ударот 46-годишниот возач испаднал од возилото и починал.

Полицијата, итната медицинска помош и пожарникарите излегле на терен, а во тек е увид, по што ќе се знаат повеќе информации за несреќата.

📸

📸

📸

📸