Зоран Михаиловиќ (61) е осомничен дека денеска до смрт ја избодел сопругата Драгана (55), а потоа се обидел да се самоубие. Трагедијата се случила попладнето во семејната куќа во Аранѓеловац, централна Србија.
– Како што дознаваме, околу 15 часот, А.М: телефонски пријавила дека татко ѝ ја тепал мајка ѝ на улицата „Вука Караџиќ“ бр.34.
Полициска патрола веднаш излегла на местото и во ходникот без знаци на живот и во локва крв ја пронашла Драгана Михаиловиќ. На телото биле видливи поголем број убоди.
Зоран, сопругот на Драгана кој е осомничен за убиството, полициска патрола го пронаѓла на околу 100 метри од зградата со повеќе повреди на вратот, градниот кош и стомакот, кои, според досегашните резултати од истрагата, си ги нанел со нож и скалпел во обид да се самоубие.
Тој е пренесен во Ургентниот центар во Крагуевац. Сведоците (двете деца на брачната двојка) изјавија дека слушнале врева во ходникот на зградата и нивната мајка како ги повикува. Тие веднаш истрчале во ходникот и ја затекнале мајката како лежи раскрварена, со повреди по целото тело.
На Зоран наводно на 20.08. му биле изречени две мерки поради семејно насилство. Зоран, според информациите, вербално ја малтретирал и навредувал сопругата бидејќи бил љубоморен и мислел дека го изневерува. Тој најверојатно ја чекал сопругата во ходникот кога таа се враќала од работа.
При увидот пронајден е нож со должина на сечилото од 14 сантиметри и скалпел со должина на сечилото од 9 сантиметри. По наредба на Вишото јавно обвинителство (ВЈО) во Крагуевац, при истрагата за ДНК анализа се земени брисеви, при што е пронајден одреден доказен материјал, пишува Телеграф.
Осомничениот за тешко убиство моментално се наоѓа во УЦ Крагуевац. Него го обезбедуваат полициски службеници. По закрепнувањето, по наредба на полициската управа во Крагуевац, осомничениот ќе биде приведен.
Be the first to write a comment.