Една од најпознатите албански пејачки, убавата Аделина Тахири Марков која е позната и по беспрекорниот стил, но и убавина, ги покажа нејзината сестра Диана и нивната мајка, од која ја наследиле убавината – Теута.

Нивната мајка Теута плени со младешки изглед, а Диана е помладата сестра на Аделина. Од фотографиите се забележува дека многу си личат, а со нивниот шарм и убавина предизвикаа воодушевување кај следбениците на социјалните мрежи.

Аделина сподели повеќе фотки од нејзиниот стајлинг, и исто како мајка ѝ и сестра ѝ изгледа како божица.

Аделина е позната како една од најубавите жени во Македонија, но и нејзината помала сестра израсна во прекрасна девојка со заносна природна убавина.

📸

📸

📸

📸

📸

📸