Српскиот министер за градежништво Томислав Момировиќ синоќа сакал да дојде на венчавка кај колегата Бочварски, но на граница чекал повеќе од еден час.

За него тоа е неприфатливо и вели дека затоа ни е потребен Отворен Балкан.

Тоа тој го објави на својот твитер профил.

„Тргнав во Скопје, на венчавката кај мојот пријател и колега Благоја Бочварски. На граница чекав подолг од еден час. Тоа е неприфатливо. Потребен ни е Отворен Балкан“, пишува Момировиќ на Твитер.