Човек кој спиел на плажа се разбудил со болки во петицата. Болката била премногу силна за да биде само дел од сон, па ги отворил очите и ја погледнал ногата. Mожеби очекувал многу работи, но крокодил секако дека не. Тој врескал додека сфатил дека огромен морски крокодил ја има неговата нога во устата.

65-годишен маж бил во својата вреќа за спиење на Њуел Бич во австралиската држава Квинсленд, каде што кампувал. Било околу 21 часот кога се разбудил со страшни болки. Неговите крици го привлекоа вниманието на другите луѓе во близина кои веднаш притрчаа да му помогнат, изјави за Daily Mail Ворен Фаравеј, портпарол на кампот.

– Среќа е што во близина на плажата имало луѓе, кои веднаш дошле да му помогнат и го однеле во болница – рекол Фаравеј, додавајќи дека мажот имал видливи повреди на двете нозе.

Раните му ги санирале лекарите во болница која се наоѓа на седум километри од плажата. Откако се погрижиле за раните, потоа го пуштиле да си оди дома, бидејќи повредите не биле такви за да остане во болница.

Сопственикот на кафуле на плажата, Питер Кап, изјави дека знаел за голем крокодил кој живее во областа каде што човекот бил нападнат. Тој тврди дека рептилот живее таму и се движи низ таа област.

Одделот за животна средина и наука е информиран за инцидентот и ги истражува деталите за случајот.