Се појави видео од градот со големина на тениско топче кој во Шпанија уби мало дете.
Невремето во Каталонија повреди 28 луѓе. Девојчето го однеле во болницата Хосеп Труета во Жирона во вторникот попладне, но почина вчера рано наутро како последица на тешка траума на главата.
„Ова е можеби најлошото невреме кое ја зафати Шпанија, односно границата меѓу Шпанија и Франција во последните 20 години“, велат каталонските метеоролози.
Повредените луѓе имале исеченици и повреди на главата од мразот. Оштетувања има на згради и автомобили.
Be the first to write a comment.