Пред почетокот на полуфиналниот натпревар на Светското првенство, меѓу Хрватска и Аргентина, на социјалните мрежи се огласи Ненад Периш, таткото на Матеј Периш, младиот дечко кој трагично го заврши својот живот во Белград.

– Заедно сме – напиша Ненад Периш со фотографија со синот од фудбалски натпревар и двајцата во дресовите на хрватската репрезентација.

Да потсетиме, Матеј Периш исчезна во ноќта помеѓу 30 и 31 декември 2021 година во близина на Бетон хол во Белград, а на 18 мај неговото тело беше пронајдено и извлечено од Дунав кај Ада Хуја.

Телото на покојниот Матеј Периш беше испратено на 20 мај од црквата Св. Анте во Белград до Сплит, каде што бил погребан.