Маж од Италија доживеал трагедија на прославата на својот 40 роденден, откога паднал во бунар и починал.
Антонио Адриани го прославуваше својот роденден во саботата во Ерице, Сицилија, кога се случи трагедија.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, на полноќ имало честитки, здравици и разговори, а потоа следел ужасот.
Последните моменти од неговиот живот се гледаат во страшното видео кое се појави на интернет.
Плочата што ја покривала дупката попуштила кога Адриани застанал и играл на неа, поради што тој паднал во дупката длабока 25 метри.
Семејството и пријателите беспомошно ја набљудувале страшната сцена и веднаш повикале помош.
На местото на настанот пристигнале карабинерите и пожарникарите. Кога сфатиле дека телото е на дното, на 10-тина метри под вода, потребна била и помош од нуркачи. Кога неговото тело било извлечено од бунарот околу 4 часот наутро, ништо повеќе неможело да се направи и била констатирана смрт.
Наредена е обдукција која треба да ја открие причината за смртта.
Забавата била организирана во вила која Антонио ја изнајмил во мало гратче во провинцијата Трапани. Тоа беше посебен ден за него. Не само што го прослави својот 40-ти роденден, туку пред 11 години во јули тој го победил туморот.
Be the first to write a comment.