Министерот за одбрана на Латвија Артис Пабрикс синоќа најави враќање на задолжителната воена служба поради зголемените тензии со соседна Русија и војната во Украина.

„Сегашниот воен систем на Латвија ги досегна своите граници. Во исто време, немаме причина да веруваме дека Русија ќе го промени своето однесување“, изјави Пабрикс за новинарите.

Летонија ја укина задолжителната служба откако влезе во НАТО. Армијата на оваа балтичка земја, членка на Европската Унија од 2007 година, ја сочинуваат професионални војници и доброволци од Националната гарда, кои за викенди хонорарно служат во пешадијата.

Земјата со помалку од два милиони жители, која граничи со Белорусија и Русија, моментално има само 7.500 активни војници и членови на Националната гарда, поддржани од 1.500 војници на НАТО.

Според Пабрикс, задолжителната воена служба, која ќе важи само за мажите, ќе биде вратена во 2023 година.