Новинските извештаи велат дека поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе бил застрелан и критично ранет за време на изборната кампањата. Ова е редок пример на оружено насилство во Јапонија, која има строги закони за оружје и ниски нивоа на насилен криминал.

Главниот секретар на кабинетот Хироказу Мацуно изјави дека 67-годишниот Абе бил застрелан околу 11:30 часот по локално време. Властите соопштија дека уапсиле маж. Кјодо објави дека бил застрелан од зад грб.

Абе водеше кампања како дел од претстојните избори за Горниот дом на парламентот закажани за 10 јули. Се предвидува дека неговата партија ќе победи. Абе беше премиер на Јапонија од декември 2012 до септември 2020 година, што го прави премиер со најдолг стаж во земјата.

Се бори за живот

Премиерот на Јапонија Фумио Кишида го осуди нападот врз поранешниот претседател на владата Шинѕо Абе.

Кишида наведе дека Абе е во „сериозна состојба“ откако денеска беше застрелан на предизборен митинг во градот Нара.

– Мотивот за нападот сè уште не е познат, рече Кишида.

По атентатот нападот врз Абе веднаш е уапсен 41-годишниот Тацуја Јамагами од Нара. Напаѓачот е поранешен припадник на јапонската морнарица.

Според неофицијални информации, атентатот е извршен со рачно изработен пиштол.

Врз Абе беа истрелани два куршума, а вториот куршум го погодил во грб. Тој бил префрлен во болница, но не покажувал знаци на живот.

Абе е јапонски премиер со најдолг стаж. Тој беше премиер една година во 2006 година, а потоа од декември 2012 до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми. Абе беше наследен од неговиот партиски сојузник Јошиде Суга, а подоцна од Кишида.