ТикТок е полн со танцови предизвици, но ова вирално видео е далеку од вообичаените танцови рутини. На видеото се гледа непозната, наизглед постара жена од Србија како сама танцува во темна улица, а хорор музиката создава дополнителни морници.

Тиктокер по име @aatec13 го објавил видеото во февруари, со краток натпис: „Внимавајте, луѓе“. Видеото стана вирален хит и е прегледано повеќе од 77 милиони пати и собра 6,4 милиони лајкови, додека видеата со хаштаг #dancingladyserbia имаат над 333 милиони прегледи.

„Замислете да се сврти кон вас додека ја снимате од прозорецот“, напишал еден тиктокер, но повеќето сепак тврдат дека тоа е нечија добра шега, а има и смешни шеги.

„Она кога треба да одите во тоалет, а учителката не ви дозволува“, напишал некој, а многумина истакнаа дека видеото е всушност морничаво само поради неговата музичка позадина. Како доказ за тоа, тиктокер го објавил истото видео со позадината на песната на Шакира Waka Waka и целата работа стана смешна.

Но, иако видеото повторно стана популарно, снимката датира од 2019 година и стана урбана легенда. Имено, српските медиуми тогаш пишуваа за сведоштвата на случајни минувачи кои виделе непозната жена во народна носија како танцува во кругот во градската населба Звездара во Белград.

Според очевидци, жената извадила нож и им се заканувала на случајните минувачи кои ќе застанат до неа, скокала пред автомобилите и ги напаѓала луѓето кои ја снимале, но не е забележана таква пријава.