Во неделата, на прв ден Велигден, околу 04.45 часот утрото, пред угостителски објект во Кривогаштани бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ј.(41) од с.Житоше и К.А.(45) од с.Житоше, двајцата полициски службеници, информираше СВР-Битола.
Порталот Плусинфо дојде до снимка од тепачката меѓу полицајци која се случи на првиот ден на Велигден пред угостителски објект во Кривогаштани, прилепско.
На видеото се гледаат двајјца полицајци кои се тепаат, а трет пробува да ги раздели. Едниот од полицајците вриснува и се фаќа за пиштолот. Другиот пцуе, а потоа си заминува. Потоа едниот од полицајците влегува во сив „голф“.
Во неделата, на прв ден Велигден, околу 04.45 часот, пред угостителски објект во Кривогаштани бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ј.(41) од с.Житоше и К.А.(45) од с.Житоше, двајцата полициски службеници, информираше СВР-Битола.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка, соопшти СВР-Битола.
Полициска тепачка во Кривогаштани за Велигден pic.twitter.com/gSwoNpMM5z
— B!Zarre (@B_Zarre) April 18, 2023
Be the first to write a comment.