Вчера во гостиварската полиција, 33-годишна жена од гостиварско, со живеалиште во Германија, пријавила дека била измамена од лице од гостиварско село.

„Според пријавеното, пред неколку години тие се договориле лицето да посредува за приклучување на броило за електрична енергија во нејзината новоизградена куќа, по што таа во неколку наврати му испратила пари. Како што е пријавено, по неколку години кога отишла во ЕВН да види колкав долг има за плаќање и било кажано дека во нивните евинденции не постои броило на тоа име, по што сфатила дека е измамена“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.