Ученици од средното медицинско училиште „Др. Панче Караѓозов“ и од училиштето „Васил Антевски Дрен“ се истепале меѓу себе вчера попладне. Според информациите, тепачката била поради девојка.

– На 12.04.2023 во СВР Скопје пријавено дека во 14.10 часот пред Средното медицинско училиште „Др.Панче Караѓозов“ во Скопје настанала физичка пресметка помеѓу двајца ученици во училиштето од една страна и неколку ученици од средното училиште „Васил Антевски Дрен“, од друга страна, а според пријавеното, поради расправија за девојка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во информацијата од Министерството за внатрешни работи.