Претреси од специјалната едница на МВР, одново се прават во затворот „Идризово“, додека внатре трае негодување од страна на затворениците, објави порталот „Макфакс“.

Блокирани се сите влезови и излези на полуотвореното и отвореното одделение, односно новиот дел на затворот, од страна на специјалците.

Според неофицијални информации, таму се сместени осуденици кои биле дел од нарко група, која е проблематична за управата. Тие се таму префрлени пред краток период.

Акцијата е во координација со Управата на затворот. Неофицијално, повторно се бараат недозволени предмети како дрога, телефони, пари.

Ваквата акција доаѓа откако беа запалени четири автомобили на автомобили, во рок од шест месеци. Меѓу последните случаи, беше и запалениот автомобил на заменик-директорот на „Идризово“.