Прославената актерка чека дете на 45 години, а гордо го покажа трудничкиот стомак. Актерката Клер Дејнс стана позната како петнаесетгодишна со улогата во серијата „Мојот таканаречен живот“ и романтичниот филм „Ромео и Јулија“ во кој партнер и беше Леонардо ди Каприо.
Дејнс, чија последна улога беше во серијата „Татковина“, предизвика контроверзии во 2003 година кога започна врска со актерот Били Крудуп, со кого се зближи на снимањето на филмот „Убавина на сцената“. За Клер, Били ја остави колешката Мери Луиз Паркер, која во тоа време беше бремена во седмиот месец, по осумгодишна врска.
„Тоа беше ужасна работа. Беше многу тешко. Не знаев како да не бидам дел од таа ситуација. Се заљубив во Били и морав да истражувам и имав 24 години… Не знаев навистина какви ќе бидат последиците.. Но, добро е. Го преживеав тоа“, еднаш ја коментираше целата ситуација Клер Дејнс.
Клер и Били беа во врска неколку години, а потоа го остави за актерот Хју Денси, познат по серијата „Ханибал“. Таа веднаш падна на неговиот шарм, се венчаа во 2009 година и ги добија синовите Сајрус и Кристофер, а сега го очекуваат и третото дете.
Веста за бременоста ја сподели уште во јануари годинава, а потоа изјави дека и за неа ова е големо изненадување. Неодамна актерката се појави на еден настан и го покажа веќе големиот труднички стомак во елегантен црн фустан.
Be the first to write a comment.