Нејзината фигура многу потсетува на барбика, а успешна е и во својата работа како адвокат. Маја Илиќ Додик, убава, многу стилска мама и деловна жена, секојдневно воодушевува голем број фанови кои ја следат на социјалната мрежа Инстаграм со нејзината фантастична облека.

Покрај беспрекорниот стајлинг, Маја е згодна мајка и успешна во својата работа како адвокат. Нејзината фигура многу потсетува на барбика, а тоа го потврдуваат и бројните коментари под нејзините фотографии.

Кога некој се грижи за својот изглед, работи напорно и има семејство, не можеме а да не се запрашаме како го постигнува сето тоа.

– Балансот помеѓу да се биде мајка и деловна жена го наоѓам во добра организација. Не можам да се пофалам дека секогаш се ми оди добро, имам и добри и лоши денови. Мајка ми игра голема улога во помагањето околу него, а нејзиното присуство и посветеност секогаш да биде тука за нас ми значи многу. – изјави Маја за порталот Србија Данас.

– Не е се толку страшно, но кога жената ќе стане мајка, треба да помине низ период на навикнување на фактот дека ти е доделена најважната улога на светот, а со тоа постои голем страв дали ќе успее на сите полиња и ќе биде најдобрата мајка на светот. На ниту една мајка не е лесно. Најголем совет е секоја модерна мама, која сака да успее во бизнисот и да не се запоставува што е можно повеќе, да најде помош за детето или во градинка, што исто така е добро решение, ако не и најдобро. Добрата организација, упорноста, волјата на една мајка можат да направат големи работи во животот и во бизнисот. – додава таа.

Таа во едно интервју изјави дека со години го гради својот стил и дека како што созрева така и се менува начинот на облекување. Таа сака да ги следи трендовите, но го негува дамскиот стил и сите оние квалитети на женственост што се потиснати во современите колекции.