Австрискиот глумец Хелмут Бергер почина вчера на 79-годишна возраст. Како што пренесуваат западните медиуми, починал мирно во сон.

Како ѕвезда на 1960-тите и 70-тите, тој се прослави глумејќи во филмовите на италијанскиот режисер Лучино Висконти. А, многумина веројатно најмногу го помнат по улогата во третиот дел од „Кум“ каде што го глумеше Фредерик Кајнциг.

Роден е во Бад Ишл на 29 мај 1944 година, а пред да почне да глуми, работел како статист. Висконти го забележал и го вовел во светот на глумата, па така станале блиски соработници и партнери.

Висконти му ја дал својата прва улога во 1966 година, а глумел во филмовите „Самрак на боговите“, „Лудвиг“ и „Затворениот семеен круг“, потоа во „Доријан Греј“ на Масимо Даламан, како и во остварувањето на Френсис Форд Копола – „Кум 3“.