По двегодишната борба со рак на дојка, денеска почина Андријана Мациев, ќерка на водителката Јулија Мациевска.

Веста за нејзината смрт со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи, а сега се огласи и Јулија.

Мајката на 41-годишната Андријана е скршена од болка.

„Мојот ангел одлета, ми се откорна од срцето, од утробата мојата прва љубов, мојата единствена роза, мојата Андријана. Мојата зеница, мојата светлина, моето добро девојче, мојата голема уметница… боли, боли, боли“, пишува неутешната водителка во објавата на социјалните мрежи.

Погребот ќе биде одржан утре, петок, 13.05.2022 во 14ч. во капелата на градските гробишта Бутел.

Инаку, пред само неколку дена Мациевска сподели со јавноста дека нејзината ќерка е на онкологија и во болки се бори за живот, па ги замоли нејзините следбеници да се молат за побрзо закрепнување на Андријана. Сепак, оваа приказна заврши со тажен крај…