На свадбена веселба, која се одржала минатиот викенд во населбата Мионица во западна Србија, дошло до конфликт меѓу обезбедувањето и гостите на свадбата, а во тепачката учествувале дури и младоженецот и неговиот татко.

На социјалните мрежи се појави видео од овој скандалозен настан!

– Како што неофицијално дознаваме, дошло до општа тепачка откако членови од обезбедувањето, кои биле ангажирани од сопственикот на локалот, реагирале кога еден од гостите скршил чаша, а потоа се качил на стол.

Наводно, луѓето од обезбедувањето му удриле два шамари на гостинот, по што настанал општ хаос.

Тоа, очигледно, било поттик за општа тепачка.

– Имено, шлаканица добил и пријател на тој гостин кој се обидел да го заштити, а потоа некој ги известил младоженецот и неговиот татко дека свадбарите биле нападнати. Двајцата и неколкумина сватови веднаш истрчале од свадбената сала во тоалетот, прво почнала кавга, па меѓусебно коѓкање, а на крајот неколку сватови си размениле тупаници со членови од обезбедувањето, кои бидејќи ги имало помалку, на крајот се повлекле од објектот, велат за „Блиц“ извори запознаени со истрагата за необичниот конфликт.

Во тепачката се повредени седум лица, а еден маж е задржан на лекување во болница во Ваљево поради сериозни повреди здобиени при размена на удари.