Телевизија 21 објави скандалозно видео кое пристигнало до редакцијата од нивен гледач. Тој тврди дека во Влае, вработени во Жито Маркет, од контејнер враќале во маркет веќе фрлени шишиња со пиво, „од тие поголемите“.
Како што вели тој, не било прв пат ова да се случува, ама сега успеал да ги сними. Тој реагирал и до Жито Маркет од каде му рекле да им го испрати видеото, со образложение дека ова е спротивно со правилникот за работа на маркетот.
– ТВ21 побара став од Жито Маркет по пат на електронска пошта за ова, но не добивме, објави телевиизјата.
Be the first to write a comment.