Музиканти од Струмица кои имале ангажман во хотел во Охрид, кога ја собирале музичката опрема ги украле и теписите.

Заедно со опремата ги ставиле во комбето. Оваа кражба била евидентирана на видео надзорот. Менаџерите на хотелот им кажале дека имаат видео доказ дека ги украле теписите и доколку не сакаат да ги пријават во полиција истите веднаш да ги вратат.

Така оваа шампионска кражба остана непријавена во СВР Охрид, а теписите се повторно на своето место. извор: Охрид 1