Документарниот филм го стави под лупа приватниот живот на познатата пејачка Шакира. Документарецот се фокусираше на случајот за даночна измама, но беа објавени и други детали за нејзиниот приватен и професионален живот.

Откриено е дека Шакира отишла дотаму што го отпуштила својот вработен бидејќи одбил да ѝ загрее парче пилешко во доцните вечерни часови.

Според телевизиското шоу „Equipo de Investigacion“, една брачна двојка кои биле поранешни вработени во Шакира, дале интервју и имало многу да кажат за нејзиното однесување.

Еден од најшокантните моменти бил кога поранешната вработена ја раскажала наводната причина зошто Шакира го отпуштила парот кој ѝ работел како домашна помош.

„Дивиер ја замени Марица, неговата сопруга, кој готвеше цела недела за 17 луѓе“, се вели во видеото.

„Беше доцна во ноќта, тој беше многу уморен и Шакира го замоли да загрее пилешко, а тој и рече: „навистина не можам повеќе, нема да го загревам пилешкото., готвам за 17 луѓе по цел ден, не можам повеќе“.

„Тогаш Шакира му рече: „Ако не си добар за ова, тогаш не те бива за ништо друго“, а потоа доби отказ.