Одамна е познато дека шпанскиот заводник, еден од најпожелните светски музичари, Енрике Иглезијас има исклучително специфичен однос со своите обожавателки и дека многупати на концертите знае да извлече девојка од публиката на сцената и топло да ја бакне во уста.
Сепак, неговиот последен потег многумина ги натера сериозно да се запрашаат каков е неговиот однос со неговата невенчана сопруга со која има три деца и како славниот пар успева да го надмине сето она што го носи нивната популарност.
Најновото видео што го обиколи светот прикажува сцена во која пејачот, ќе се согласите, малку повеќе се препуштил на шармот на атрактивната бринета.
На снимката објавена на неговата официјална станица на Инстаграм, се гледа дека пејачот застанал да се поздрави со една од многубројните обожавателки, која потоа ја бакнува во образот и чека таа да се фотографира со неа.
Меѓутоа, девојката и по фотографирањето не сака да го пушти, па тргнува да го бакне во уста. Иако на почетокот сака да го избегне бакнежот, на крај попушта и почнува со неа да разменува страсти.
Be the first to write a comment.