Германскиот рапер со албанско потекло Грамоз Алиу, познат како „Мозик“ на Инстаграм му даде поддршка на Албанецот Азем Куртај, кој вчера на Косово ги застрела Стефан Стојановиќ (11) и неговиот братучед Милош Стојановиќ (21). Тој на својот Инстаграм профил објави фотографија од Албанецот и напиша дека „не е криминалец“.

„Азем Куртај потекнува од семејство кое ги жртвувало своите животи за слободата на Косово. Семејството Куртај има двајца маченици на ОВК: таткото на Азем, Дануш и чичкото Џеладин. Луѓето кои го познаваат Азем Куртај знаат каков човек е тој. Азем не е криминалец. Азем Куртај не е злочинец“, стои во целосната објава на неговиот Инстаграм.

Грамоз е роден на 29 септември 1995 година во Урошевац во албанско семејство. Со музика почнал да се занимава уште на рана возраст, пред да започне професионална кариера како рапер.

Како што беше соопштено вчера, осомничен за вчерашниот вооружен напад на момчиња од Србија во Готовуша кај Штрпац е Азем Куртај (33). Станува збор за припадник на косовските безбедносни сили и син на загинатиот член на ОВК, Дануш Куртај.

Дануш Куртај се приклучил на редовите на УЧК во 1998 година на подрачјето на Качаник, а следната година бил убиен за време на бомбардирањето на НАТО, пишуваат албанските медиуми.

Стефан (11) и Милош Стојановиќ (21) се ранети вчера во Готовуша. Овој Албанец отворил оган кон нив од автомобил во движење, кога тие носеле бадникови гранчиња. Прво им била укажана лекарска помош во блискиот Здравствен дом, а потоа биле упатени на хируршкото одделение во Грачаница.

Погледнете како изгледа германскиот рапер со албанско потекло Грамоз Алиу „Мозик“.

📸

📸

📸