Адам Рич, кој глумеше во големиот хит „Eight is Enough“, почина на 55-годишна возраст, дознава „TMZ“.

Член на семејството изјави за „TMZ“ дека Адам починал во својот дом во Лос Анџелес во саботата. Тој не сакаше да ја открие причината за смртта на Рич, но полициски извор за „TMZ“ изјави дека некој дошол во неговата куќа и го нашол мртов. Тој извор сепак додал дека немало ништо сомнително во смртта на Рич.

Адам го играше најмладиот син на Николас Бредфорд во популарната серија „Eight is Enough“. Серијата се емитуваше од 1977-1981 година. Глумеше и во „Љубовниот брод“ од 1979 година. На листата на 100-те најголеми детски ѕвезди на VH1, тој беше рангиран на 73-то место.

Тој се повлече од шоу-бизнисот во 1980-тите, бидејќи, како што рече тогаш, не му се допаѓаат рефлекторите или што било поврзано со познатите личности.

Адам бил зависник од наркотици, што резултирало со негово апсење во 1991 година, откако го скршил прозорецот на една аптека во обид да дојде до дрога.

Неговото мото, според „TMZ“, било: „Животот е за живеење, а јас го живеам мојот живот во потполност секој ден“.