Прослава што се одржала по повод крштевка во ресторан во Прибој во Србија се претворила во вистинска драма која со денови се прераскажува, бидејќи како што велат очевидци на немилиот настан, досега ништо слично на ова не се случило.

Дека нешто не е во ред се видело кога таткото на детето кое се крсти тргнал да ја напушта прославата, а потоа се кулминирало кога неговата сопруга, поточно снаата на семејството ја нападнала свекрвата.

– Човечките односи овде очигледно долго време биле нарушени. Снаата и пријде на свекрвата, со сета сила и удри шлаканица и ја поли со вино. Сите гости, во најмала рака, беа изненадени од глетката што ја видоа. После тоа синот се вратил и застанал на страната на сопругата, ја нападнал и мајка си, раскажал еден од присутните за агенцијата РИНА.

Откако снаата ја нападнала свекрвата, на забавата избувнало вистински карамбол и веќе не се знаело кој кого тепа. На местото на настанот веднаш пристигнале припадници на полицијата и итната помош.

– Две марици ги однесоа разбеснетите гости. Најлошо поминал вујкото на снаата, чиј носбил скршен, а една гостинка поради повредите морала дури и да преноќи во болница бидејќи во целата таа гужва паднала по скали и се повредила, вели извор запознаен со ситуацијата.