Младите Џенис Хаџиќ од Тутин и Феизал Мујовиќ од Сјеница загинаа во страшна несреќа што се случила во близина на германскиот град Хановер, кога „голфот“ во кој биле со двајца турски државјани удрил во „мерцедес“ во кој се наоѓало семејство. Загинале и двата турски државјани.

Пријателите на загинатите Хаџиќ и Мујовиќ објавија нивни фотографии на социјалните мрежи и ги известија најблиските дека загинале. Покрај фотографиите ставија и тажни емотикони и срциња.

Страшната несреќа, како што пренесува Билд, се случила во средата вечерта во 19:25 часот.

– Две млади момчиња на 17 и 19 години останаа мртви на лице место, а еден почина ден подоцна во болница. Возачот на „голфот“, кој имал само 20 години, починал вчера – соопшти германската полиција.

Како што пренесуваат германските медиуми, до несреќата дошло кога „голфот“ со млади момчиња од Србија и Турција ненадејно преминал на спротивната лента и директно удрил во „мерцедесот“.

-Тешко се повредени бабата (73), дедото (76) и мајката (37), додека таткото (43) и ќерката (2) се здобиле со само полесни повреди – пренесува Билд и додава:

– Сцената на местото на несреќата беше грозоморна, делови од стакло беа расфрлани по коловозот, насекаде се расфрлани пластични и метални делови од автомобилот. Голфот буквално се заглавил во мерцедесот.

На местото на несреќата се испратени дури три спасувачки хеликоптери, шест возила на брза помош и 100 пожарникари.