Марија Шерифовиќ направи хаос среде улица, а сега се откриени нови детали од инцидентот. Според пишувањата на медиумите, Марија наводно носела гипс на раката на концертот во Зрењанин по инцидентот.
Од претходната вечер на социјалните мрежи како вирално се шири видео на кое се гледа како Марија Шерифовиќ се дере на улица во Белград, пред автомобил запрен среде пат. Јасно се слуша како Марија пцуе, а потоа се приближува до автомобилот и удира со тупаница во стаклото.
Откако соседите од населбата каде што се случи инцидентот проговорија за се што слушнале и виделе, добро упатен извор за медиумите објавил дека причина за конфликтот наводно била љубомора и изневерување, што го признала и партнерката на Марија, пишува српски Курир.
– Конфликтот настанал поради класична љубомора. Марија била со својата пријателка и партнерката во автомобилот. Се било во ред до моментот кога нејзината партнерла признала дека ја изневерува. Тогаш Шерифовиќ полудела. Таа изгубила контрола, го запрела возилото за да не предизвика сообраќајна несреќа и почна да добива хистеричен напад, изјавил изворот за споменатиот медиум.
Според него, пред инцидентот Марија, нејзината партнерка и другарките се забавувале.
– Одлично си поминаа. Беа среќни, ништо не навестуваше дека вака ќе заврши. Сепак, разговорот што започна во автомобилот доведе до сериозен проблем меѓу нив две. Пејачката доживеа напад, закочи, излезе од автомобилот, а се останато се гледа на видеото, додава изворот.
Погледнете ја снимката:
Marija Šerifović pravi haos u centru grada! pic.twitter.com/mD59rodPTS
— Lovac na neke od njih! (@Sabljalo) August 27, 2022
Да потсетиме, иако на мрежите се шират разни теории на заговор, за што всушност се работи, Марија се огласи и официјално оваа ситуација.
– Иако тоа никого не треба да засега, добив некои приватни лоши информации. Единствено на кого треба да му се извинам е мојот автомобил и ако разбудив некого, изјавила пејачката.
Be the first to write a comment.