Старлетата Маја Маринковиќ ѝ стана позната на јавноста по учеството во реалното шоу „Задруга“ каде со своето однесување ги шокираше сите. Таа од првата сезона на реалното шоу до денес го промени личниот опис, а не крие дека имала бројни операции.
Пријателот на Маја и поранешен задругар Марко Џедовиќ на Инстаграм објави видео со Маринковиќ, а старлетата во моментот беше без трошка шминка.
На социјалните мрежи веднаш следеа коментари за нејзиниот изглед, а многумина истакнаа дека старлетата не се разубавела многу со операциите, туку дека нејзината трансформација се должи на шминката и фотошопот.
Според објавите на српските медиуми, Маја потрошила дури 23.200 евра на естетска хирургија.
– Повеќето промени се на нејзиното лице, па го намалила носот за 3.200 евра, а штом се опоравила тргнала да ги подигне и да ги закоси аглите на очите и веѓите, како и да ги наполни јаболкниците. За тоа платила дури 3.500 евра. Ова ѝ даде „мачкин изглед“ – откри претходно извор близок на Маринковиќ.
– Одлучи да го промени обликот и контурата на лицето со операција на брадата од 1.500 евра. Таа инјектирала ботокс, ги истетовирала веѓите и ги коригирала усните, по трет пат. Најмногу пари дала за фурнири за заби кои чинеле 5.000 евра – вели соговорникот.
Според него, Маја ги имала првите операции уште пред да влезе во „Задруга 2“.
– Тогаш ги зголеми градите, првпат ги среди усните и го затегна лицето. Тогаш сето тоа ја чинело 10.000 евра. Кога ја прашале од каде има толку пари за операции, таа рекла дека сето тоа го платил татко ѝ. Подоцна тврдеше дека сама ги финансирала сите нови операции – открил изворот претходно за Информер.
А како изгледа Маја на Инстаграм „испеглана“ со шминка и фотошоп, може да видите на следниве фотографии:
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.